Фото извор: Љубомир Спасиќ,

Успешен настап на кајакарите од Арка-Борец во третото коло на Европскиот куп во Швајцарија

Кајакарите на К.К.К Арка-Борец од Велес и членови на македонската сениорска репрезентација во спуст викендов учествуваа на 3-тото коло од Европскиот куп во Даленвил, Швајцарија.

На европскиот куп се возеа два натпревари, во дисциплината класик на патека долга 4,5 км и дисциплината спринт со должина од 500 метри.

Во настапот на класичните возења македонските кајакари успеаа да се закитат со еден медал во категоријата М35+ каде што второ пласиран заврши Љубомир Спасиќ, додека во сениори Александар Златаров беше на 15то место и во јуниорска У18 категорија Кристијан Лазаров заврши 7-мо пласиран, а Благој Гугинов беше 10-ти во категоријата У16. Во тимскиот настап во сениори во состав Спасиќ-Златаров-Лазаров остварија пласман на 5-то место.

Фото извор: Љубомир Спасиќ,

Македонските кајакари беа далеку поуспешни во настапите во спринт каде што Благој Гугинов во јуниори У16 се пласираше на 2-то место, во сениорскиот тимски настап (Спасиќ-Златаров-Лазаров) го освоиа 2то место и Љубомир Спасиќ во категорија М35+ заврши на 2то место.

Со завршување на 3-то коло на Европскиот куп генералниот пласман остана непроменет во сениорска и јуниорска категорија каде што во сениорите првите две места ги држат Златаров и Спасиќ, а кај јуниорите ги држат Лазаров и Гугинов.

Предстојат уште две кола од Европскиот куп каде по нивното завршување ќе биде познат официјалниот генерален пласман за 2023.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!