
Уште трае потрагата по пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на Евија
Спасувачките екипи од Крајбрежната служба на Грција и денеска, во море, на копно и од воздух, продолжуваат со потрагата на пилотот и приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, подрачјето што беше зафатено од невреме.
Препорачано
Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во потрагата по единствениот патник во хеликоптерот, 69-годишниот пилот, учествуваат четири патролни чамци, две патролни возила од копно, по еден хеликоптер од военото воздухопловство и воената морнарица, два чамци и морско такси.
Вчера околу 10 часот наутро, хеликоптерот полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.
Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“, што предизвика проблеми и материјална штета не само на Евија, туку и во поширокиот регион на областа Магнисија и градот Волос.
Според Противпожарната служба на Грција во Магнисија, од пладневните часови во средата заклучно до денеска примиле 1.820 повици за помош, а 312 лица биле пренесени на безбедни локации.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5