Искрење на жици на електрична бандера / фото: илустрација / Јутјуб / скриншот

Уште тоа ни требаше – искрење на жици од силниот ветер попладнево предизвика пожари во Скопско и Кумановско

Силниот ветер кој дува попладнево во скопскиот и во кумановскиот регион предизвикало искрење на напонски жици, кои потпалиле сува вегетација на повеќе локации, соопштија надлежните.

Според АМСМ, во целосен прекин е автопатот Скопје-Куманово во двата правци, поради пожарите кои избувнале на просторот меѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“.

Ветрот продолжува да дува и да ја разгорува огнената стихија.

Пожарникарите интервенираат на вака предизвикани пожари и во атарите на селата Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац, во општините Куманово и Старо Нагоричане.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот