Фото: Profimedia

Уште едно кралско венчавање: Принцезата Мари-Каролина од Лихтенштајн се омажи за менаџер од Венецуела

Викендов во главниот град Вадуц се одржа свечена церемонија на која принцезата Мари-Каролина од Лихтенштајн му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник, инвестицискиот менаџер од Венецуела, Леополдо Мадуро Волмер.

Свадбата се случи во катедралата „Свети Флоријан“ во Вадуц, иако парот живее во Лондон. Принцезата за оваа прилика одбра венчаница во бела боја со модерен и смел дизајн – комбинација од различни ткаенини, чипка, тил и проѕирни раменици. Стилот го надополни со долг, елегантен вел што се спушташе по скалите на капелата.

Мари-Каролина е првата ќерка на принцот Алиос што објави свршувачка и стапи во брак. Инаку, таа има диплома по моден дизајн од престижната „Парсонс“ во Париз и Њујорк. Нејзиниот сопруг пак се школувал во Велика Британија, во познатото училиште „Хароу“, и по професија е инвестициски менаџер.

Парот ја објави свршувачката минатиот октомври, а нивната љубовна приказна сега доби и кралска венчална круна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот