Градежни работници / илустрација / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Уште една трагедија на македонско градилиште: Работник од тетовско загина во Струмица

МВР информира дека вчера околу 11:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека при извршување градежни работи на објект на улица „Братство-Единство“ во Струмица, З.Б.(60) од село Вешала, тетовско, паднал и од здобиените повреди починал на местото, соопштија денеска од СВР Струмица.

Смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Струмица, инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на СВР Струмица, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот