Фото: FIBA

Уште една сензација на Евробаскетот: Грузија ја елиминираше Франција

Кошаркарската репрезентација на Грузија приреди уште едно големо изненадување на Европското првенство, елиминирајќи ја Франција во осминафиналето со резултат 80:70. Тимот на поранешниот македонски селектор Александар Ѓикиќ така уште еднаш покажа дека не е случајно меѓу најдобрите.

Грузијците одиграа одлично прво полувреме во кое водеа речиси во текот на целото време, а на паузата заминаа со минимална предност од 38:37.

Во третата четвртина Французите успеаа накратко да направат пресврт, но не и да го скршат отпорот на борбената Грузија. До крајот на третиот период, Грузија одново дојде до водство, сега со четири поени разлика (58:54).

Клучната битка се водеше во последната четвртина. Грузија поведе со 63:54, но Франција се врати и три минути пред крајот го израмни резултатот на 68:68, што најави драматична завршница.

Сепак, во клучните моменти на сцена стапија Камар Болдвин и Токо Шенгелија. Со прецизни погодоци и смирена игра, ја вратија предноста на својата страна и го потврдија големото изненадување.

Болдвин и Шенгелија постигнаа по 24 поени, а Санди Мамукелашвили придонесе со 14. Кај Французите, најрасположен беше Силвен Франциско со 14 поени, додека Жерсон Јабуселе реализираше 12.

Со овој триумф, Грузија избори четвртфинален дуел против Финска, која исто така синоќа приреди сензација елиминирајќи ја Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот