Земјотрес Авганистан EPA/SAMIULLAH POPAL

Уште еден земјотрес во Авганистан, се стресе местото каде што загинаа најмалку 1.400 луѓе

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денес го погоди источен Авганистан, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Епицентарот бил 34 километри североисточно од градот Џалалабад, во покраината Нангархар, во близина на зоната што викендов беше погодена од силен потрес со јачина од 6,0 степени.

Талибанските власти соопштија дека во земјотресот од викендот загинале најмалку 1.400 луѓе, додека илјадници останале без покрив над главата. Села изградени од калливи тули и дрво беа уништени, а многу жители останаа заробени под урнатините.

Спасувачките операции се одвиваат во исклучително тешки услови поради непристапниот терен. Талибанските власти соопштија дека биле принудени да исфрлат десетици командоси од авиони за да евакуираат повредени лица од области каде хеликоптерите не можат да слетаат.

Координаторката на ОН за Авганистан, Индрика Ратвате, предупреди дека бројот на жртви може дополнително да расте и нагласи дека ситуацијата е „трка со времето“, пренесува Ал Џезира. Таа апелираше до меѓународната заедница да не ги заборави луѓето во Авганистан, кои веќе се соочуваат со сериозни економски, хуманитарни и безбедносни кризи.

„Ова е прашање на живот и смрт додека се обидуваме да стигнеме до најпогодените заедници“, изјави Ратвате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!