Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК/Фото: EPA-EFE/NEIL HALL/POOL

Урсула фон дер Лајен ја поздрави најавата на Трамп за пауза во спроведувањето на реципрочните царини

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ја поздрави најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за пауза во примената на реципрочните царини.

„Јасните и предвидливи услови се клучни за функционирањето на трговијата и синџирите на снабдување“, рече Фон дер Лајен на социјалната мрежа X. Таа додаде дека тарифите се даноци кои само им штетат на бизнисите и на потрошувачите.

„Затоа јас постојано се залагав за договор за царини нула за нула меѓу Европската Унија и САД“, нагласи таа.

Вчера Трамп најави целосна пауза на сите одмазднички тарифи кои претходно стапија на сила на полноќ, со исклучок на Кина, чии царини ќе бидат зголемени од 104 на 125 отсто, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот