Foto:Vesna Lalić/Nova.rs

Уредници на српска „Политика“ избркани од работа поради поддршка на студентите

Уредничката на викенд изданието на „Политика“ Сандра Гуцијан и уредничката на „Хрониката“ во тој дневен весник Доротеја Чарниќ се известени дека се прогласени за технолошки вишок со одлука на сопственикот Бобан Рајиќ, соопшти денес Здружението на новинари на Србија (УНС), наведувајќи дека уредниците сметаат дека причината за одлуката е нивната поддршка на студентите.

Уредниците сметаат дека отпуштањето е исклучиво политички по природа и е предупредување до другите, бидејќи не ја криеле својата поддршка за студентите, пренесуваат српските медиуми.

Уредниците истакнаа дека одлуката е „чудна, благо речено“, и поради елиминацијата на толку важни позиции и поради фактот што „Политика“ има помалку новинари отколку што е потребно за редовна работа.

„Тие често работат прекувремено, а уредниците, покрај нивната уредничка работа, пишуваат и вести и извештаи, интервјуа… Условите за работа се лоши, платите се ниски, а поради недостаток на новинари, едвај ги покриваме сите задачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот