Фото: Pexels/ Skitterphoto

Уредите со литиум-јонски батерии често се прегреваат во авионите, најопасни електронските цигари

Уредите што се напојуваат со литиум-јонски батерии имаат поголема веројатност да се прегреат за време на летот во авиони, а патниците обично ги ставаат во куфери кои влегуваат во складиштето за багаж, каде што евентуален пожар не може да не се открие толку брзо- пишува Данас.
Најчестите уреди со литиум-јонски батерии што ги имаат патниците во авионите се телефони, лаптопи, безжични слушалки и таблети. Околу 35 проценти од пријавените случаи на прегревање се однесуваат на е-цигари, а 16 проценти на „Power banks“ – дополнителни батерии за полнење на батериите на електронските уреди.

Бројот на случаи на прегревање се зголемил за 28 проценти од 2019 до 2023 година, иако ваквите настани се релативно ретки, се вели во извештајот на компанијата „UL Standards. Според извештајот електронските цигари се прегреваат почесто од кој било друг уред на батерии, рекле дури 35 авиокомпании.

Во 60 проценти од сите случаи од овој тип прегревање се случило на седиштето на патникот кој го донел уредот во авионот.

Во јули, лаптопот што димеше во торба доведе до евакуација на авион додека чекаше полетување на меѓународниот аеродром во Сан Франциско. Минатата година, лет од Далас до Орландо, Флорида, принудно слета во Џексонвил, Флорида, откако се запали батерија во рачен багаж.

Повеќе од една четвртина од патниците анкетирани за оваа студија рекоа дека ставаат електронски цигари и преносни уреди на батерии во чекирани торби што одат во багажот на авиони, спротивно на прописите во САД.

Управата за безбедност на транспортот забранува електронските цигари и уредите на батерии и уредите на батерии со литиум-јонски батерии за полнење на тие уреди (Power Bank) да се ставаат во кеси што се наоѓаат во багажниот простор на авионот, но им дозволува тие да бидат во рачни торби кои самите патници ги внесуваат во патничката кабина на авионот.

Тоа правило постои токму затоа што пожарот во товарниот дел на авионот е потешко да се открие и изгасне.

Федералната управа за авијација објави 37 „термички инциденти“ во авиони оваа година до 15 август. Имаше 77 извештаи за тоа минатата година, што е зголемување од 71 отсто во однос на 2019 година, според американската Федерална управа за авијација (FAA).

Имајќи предвид дека авиокомпаниите вршат околу 180.000 летови во САД неделно, ваквите инциденти во воздухот се релативно ретки, а вреди да се напомене дека литиумските батерии може да се прегреат насекаде.

Најчестите уреди со литиум-јонски батерии што ги имаат патниците во авионите се телефони, лаптопи, безжични слушалки и таблети. Околу 35 проценти од пријавените случаи на прегревање се однесуваат на е-цигари, а 16 проценти на „Power banks“ – дополнителни батерии за полнење на батериите на електронските уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот