Елизабета Дуковска / Фото: Уставен суд

Управниот суд го поништи именувањето на Елизабета Дуковска за уставен судија, ќе се одложи ли одлуката за Законот за јазиците?

Управниот суд донесе пресуда со која ја поништува одлуката на Собранието за именување на уставниот судија Елизабета Дуковска, која неодамна беше судија-известител за предметот за Законот за употреба на јазиците, објави „Алсат“.

Одлуката е одобрена вчера, а според пресудата што ја објави телевизијата, таа стапува во сила веднаш. Дуковска беше избрана за судија во Собранието на 10 април 2023 година, а шест месеци по нејзиниот избор, Антоанета Димовска, членка на Судскиот совет која се противеше на именувањето на Дуковска за уставен судија, поднесе тужба.

Укинување на изборот на уставната судијка се случува на еден месец пред одржување на подготвителната седница во Уставниот суд околу Законот за употреба на јазиците. Повлекувањето на Дуковска од судската функција може да отвори можност да се одложи одлуката за овој закон, со оглед на тоа што Уставниот суд претходно има одобрено заклучок дека за овој предмет ќе одлучува целосниот состав на Уставниот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот