Уписите во средните училишта според предвидените рокови

Конкретно, за средните училишта Адеми посочи дека во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени протоколи.

Министерот за образование и наука Арбр Адеми денеска информираше дека уписите во средните и во основните училишта ќе се одвиваат според роковите.

Конкретно, за средните училишта Адеми посочи дека во наредните денови ќе бидат донесени уредби за да се конкретизира како ќе се одвиваат уписите, а можеби и ќе бидат подготвени протоколи.

Адеми, одговарајќи на новинарски прашања појасни дека матурантите ќе се запишуваат на факултетите, како што кажа, идентично како пред воведувањето на државната матура, но и за ова Владата ќе донесе посебна уредба.

Приемен испит или квалификационен испит, додаде тој, се организирало и до сега доколку повеќе лица имаат ист број на бодови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот