Уставен суд табла / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Упатството за водење на матични книги на 5 јули на седница на Уставен суд

Уставниот суд на седница закажана за 5 јули ќе го разгледува предметот во кој се оспоруваат законските измени на Упатството за водење на матични книги.

Од Уставниот суд соопштија дека во меѓувреме за Упатството иницијатива поднела и политичката партија Левица и се проверуваат наводите.

Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска на брифинг со новинарите нагласи дека Упатството е спротивно на Уставот без да прецизира во кој дел. Своите аргументи претседателката на Уставен ќе каже на седница на Уставниот суд кога ќе се одлучува за овој предмет.

Во оваа фаза Уставниот суд не може да донесе ниту времена мерка за замрзнување на примената на Упатството, зошто нема такви овластувања според актуелниот Деловник, за која најави дека наскоро ќе се смени.

Правда го правда Упатството за внесување на етничка припадност во изводите кое оди под лупа на Уставен суд

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот