Фото: mia.mk

Упатства на ЦДЦ за целосно имунизираните лица: Без маски и физичко растојание во затворен простор

Американскиот Центар за превенција и контрола на болести (ЦДЦ) објави упатства со најдобри практики за Американците кои се целосно имунизирани против коронавирусот. Според упатствата, оние кои ги примиле потребните дози на вакцина, можат да престојуваат во затворен простор со други целосно имунизирани лица, без маски или физичко растојание.

Покрај тоа, оние кои се целосно вакцинирани можат безбедно да престојуваат во затворен простор со невакцинирани лица од исто домаќинство без маски. Американските медиуми посочуваат дека тоа веројатно посебно ќе им значи на постарите Американци, бидејќи многу од нив се веќе имунизирани, но сè уште не можат да се видат со своите роднини поради пандемијата на коронавирус.

Препораките беа издадени по неколкудневно одложување минатата недела. Тие покажуваат дека вакцинираните имаат некои привилегии.

Според ЦДЦ, за целосно имунизирани се сметаат оние кај кои минале две седмици од примањето на втората доза од вакцината. Бидејќи вакцината „Џонсон&Џонсон“ е единечна доза, се смета дека целосна заштита е постигната две недели по вакцинацијата.

Во последната недела, САД аплицираат по 2,2 милиони дози на вакцина против коронавирус во просек секој ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот