Фото: Flickr / picturexv

Упасен 28-годишник од Неготино, му се заканувал на градоначалникот и се обидел да му изнуди пари

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против 28-годишен неготинец кој му се заканувал на градоначалникот на Неготини и се обидел да му изнуди пари.

„М.Ј.(28) од Неготино креирал лажен профил на социјална мрежа и на 02.09.2025 на платформа за интернет комуникација испратил порака на профил кој го користи градоначалникот на општина Неготино, со закани кон него и неговото семејство, а во која, исто така, се обидел и да му изнуди пари.

Потоа, на 04.09.2025 во три наврати и на 05.09.2025 на друг профил што го користи градоначалникот, повторно испратил текстуални пораки со закани кон него, неговото семејство, како и кон кандидат за градоначалник. Исто така, на 19.09.2025 испратил пораки на службените електронски пошто на Министерството за внатрешни работи, општина Неготино и на новинар со закани кон приврзаници на политичка партија во Неготино. На 19.09.2025 од страна на полициски службеници М.Ј. е лишен од слобода“ соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот