Македонија вечерва со натреварот против Словенија ги започнува настапите на ЕП/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

УО на РФМ ја потврди премијата за ракометарите


Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија ја потврди одлуката на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов да им се додели премија од 20.000 евра на ракометарите за големата победа над Данска.
Вчера ракометната репрезентација на Македонија со 33:29 го совлада актуелниот светски шампион Данска, а на селекторската клупа дебитираше Кирил Лазаров.  Управниот одбор исто така го потврди и реизборот на Филип Милошевски за генерален секретар на РФМ.

„Ве информираме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 12.03.2021 год. донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 ЕУР нето (во денарска противредност) на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот светски и олимписки шампион, селекцијата на Данска, натпревар одигран на ден 11.03.2021 год. во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022. Дополнително по објавениот конкурс за избор на Генерален секретар, Управниот Одбор на РФМ го усвои предлогот на комисијата и на функцијата Генерален секретар го назначи г-дин Филип Милошевски“, стои во соопштенито на РФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот