
Универзитетската Клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски го прославува шеесеттиот роденден со визија да се догради нов блок со пет оперативни сали
Освен придобивката од пет операциони сали, со ова идејно решение, би се добила и натстрешница над влезот од клиниката која е неопходна. Токму фактот што старата Градска Болница е лоцирана стратешки во центарот на Скопје, како и тоа што таа располага со значајни одделенија, ја прави оваа болница една од најкомпактните здравствени установи во државата која со успех функционира во третманот и дијагностицирањето на хируршките болни. Денес на Клиниката има 322 вработени од кои 93 лекари, 145 медицински сестри и техничари, 17 радиолошки технолози, 9 лаборанти и 52 немедицински работници.
Универзитетската Клиника за хируршки болести ,,Свети Наум Охридски” Скопје прославува шеесет години од своето постоење со визија на паркингот пред клиниката да се догради нов оперативен блок со пет операциони сали. Директорот на Клиниката и дологогодишен дигестивен хирург доктор Љубен Арсенков, за „Слободен печат“ вели дека се надева на сериозен пристап кон оваа идеја која би овозможила натамошно непречено функционирање на установата каде годишно се хоспитализираат над 6 илјади пациенти и се изведуваат над 3.800 операции.
Препорачано
-На 18 октомври се одржува Свечена Академија по повод 60 години од основањето на Универзитетската Клиника по хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје. На настанот ќе им оддадеме почит на поранешните и на сегашните вработени чии напори и пожртвуваност се вградени во постоечката традиција на лекување на хируршките пациенти. Со оглед на просторната ограниченост на објектот од една страна, како и настанатиот тренд на технолошките процеси од друга страна, се наметна потребата да размислуваме за додатни просторни услови во кои би бил сместен нов оперативен блок. Како иницијален проект се разгледува можноста на паркингот спроти влезот од установата, подигнат на столбови во висина на првиот кат од болницата, да се адаптира оперативен блок со пет операциони сали. Со ова би добиле простории со неопходни стандарди за изведување на хируршките интервенции. Паркингот би бил покриен со самиот објект и поврзан со топол премин со постоечката болница, објаснува за „Слободен печат“ доктор Арсенков.
Освен придобивката од пет операциони сали, со ова идејно решение, би се добила и натстрешница над влезот од клиниката која е неопходна.

За време на пандемијата со ковид 19, Старата Градска Болница беше хируршка установа за пациенти кои не се ковид позитивни. Клиниката се соочи со огромен и несекојдневен наплив на пациенти и во првата година од пандемијата прими дури 120 илјади пациенти. Во 2015 година на Клиниката почна реконструкција. Со сопствени средства, донации и помош од Министерството за здравство, се набавија медицински апарати и опрема за рентген и ехо дијагностика, пет респиратори за интензивна нега, кои дополнително ги оптимизираа условите за третман на пациентите.
Доктор Арсенков вели дека општествено одговорните компании и поединците кои во време на пандемијата донираа опрема и реконструираа сегменти од Клиниката всушност многу придонесоа за подобрување на условите.
-Тие донации изнесуваа повеќе од половина милион евра. Сметам дека борбата со пандемијата го истакна значењето на здравјето и особено значењето и улогата на здравствените работници. Огромно благодарам. Се надевам дека оваа перцепција ќе продолжи и во иднина, зашто само заедно можеме да ги совладаме сите предизвици. Враќањето на довербата во здравството според мене е придобивка која мора да трае во континуитет, посочува директорот на Клиниката.

Токму фактот што старата Градска Болница е лоцирана стратешки во центарот на Скопје, како и тоа што таа располага со значајни одделенија, ја прави оваа болница една од најкомпактните здравствени установи во државата која со успех функционира во третманот и дијагностицирањето на хируршките болни. Денес на Клиниката има 322 вработени од кои 93 лекари, 145 медицински сестри и техничари, 17 радиолошки технолози, 9 лаборанти и 52 немедицински работници.
На Клиниката функционираат две одделенија за абдоменална хирургија кои имаат најголем обем на работа и просечно годишно тука се прегледуваат околу 10 илјади пациенти а кај повеќе од 1500 од нив се изведуваат операции од областа на итната и елективната абдоминална хирургија. На одделението за трауматологија пак, се изведуваат околу 700 операции годишно. Покрај овие специјалности, пациентите во старата Градска болница се хоспитализираат и на одделението за урологија, чија амбуланта е една од најоптоварените, како и на одделенијата за неврохирургија, васкуларна хирургија, детска хирургија, пластична хирургија.
Еден од круцијалните сегменти на Клиниката е оперативниот блок со пет операциони сали и одделот за стерилизација. Ограничениот просторен капацитет наметнува потреба тој што побрзо да се реновира. Медицинските сестри, инструментарките, техничарите за стерилизација секојдневно, често и прекувремено се трудат да обезбедат оптимални услови за изведување на повеќе од 3500 оперативни зафати во постоечкиот просторен амбиент. Просечно годишно повеќе од 3500 пациенти примиле одреден вид анестезија за операција. Одделението за реанимација и интензивно лекување работи со современи апарати за механичка вентилација и таму годишно се лекуваат повеќе од 2 илјади пациенти со најразлична патологија. Довербата и достапноста се глевните фактори за големиот број пациенти во ограничениот простор на амбулантско поликлиничкиот оддел кој располага со 9 специјалистички амбуланти како и амбуланта за ургентна хирургија.

На одделението за радиодијагностика годишно се изведуваат 25 илјади рентгентски снимања при повреда на скелетот, компјутерска томографија за 5800 пациенти, магнетна резонанца за 3200 пациенти и ехо за 3300 пациенти. На одделот за мама и урогинеколошка дијагностика годишно кај 1800 пациенти се прави ехо на дојка како и 1200 мамографии. Со оглед на тоа што голем дел од пациентите кои се јавуваат во болницата, имаат и други заболувања, неизоставен дел од тимот кој се грижи за целокупното здравје на пациентите се интернистите. Во склоп на Универзитетската Клиника функционира и современо уредена лабораторија која е опремена со најсофистицирани апарати.
Една од препознатливите карактеристики на оваа Клиника е несебичниот трансфер на знаењата кон студентите и специјализантите кои доаѓаат од други установи.
Пред 90 години хируршкото одделение својата работа ја почнало со скромна кадровска структура од 4 лекари специјалисти, 10 лекари на специјализација и 35 медицински сестри. Големиот ентузијазам и високите етички норми од хипократовата заклетва кај овие вработени, уше од самиот почеток наметнале висок степен на професионализам и стручност во давањето медицински услуги кај пациентите кој резултираше со доверба која трае до денес.