Фото: ЕПА

Универзитетската болница во Брисел цел на кибер напад

Компјутерските сервери на Универзитетската болница Сен Пјер во центарот на Брисел биле цел на кибер напад ноќеска, јавија белгиските медиуми.

„Многу брзо успеаја да откријат абнормална активност на компјутерската мрежа и околу 4 часот утрово открија дека повеќе од веројатно сме жртва на кибер напад“, објасни Филип Лерој, извршен директор на болницата за белгиските медиуми.

Во соработка со специјализираните служби на федералната полиција и обвинителството, болницата презеде итен план и воведе процедури за одржување на непречено функционирање на здравствената установа. Тие процедури вклучуваат исклучување на сервери и враќање на „хартиена“ комуникација во болницата.

„Апаратите во операциските сали или неопходни за пациентите не се засегнати, па затоа болничката дејност функционира нормално“, изјави генералниот директор.

Превентивно, возилата на брзата помош се пренасочени во соседни институции.

Со помош на федералната полиција, ИТ тимот на болницата работи на повторно функционирање на серверите и мрежата.

Засега немаат индикации за украдени податоци за пациентите. Се уште не се познати потеклото и целта на овој кибер напад, ниту пак дали е побаран откуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!