УНИЦЕФ: Земјите од Јужна Азија да продолжат да ги вакцинираат децата

Агенцијата на ОН препорача владите во светот „веднаш да почнат со планирање акции за вакцинирање кога пандемијата ќе биде под контрола”. 

Јужна Азија мора да продолжи со кампањите за вакцинирање деца прекинати поради епидемијата на новиот коронавирус веднаш штом ќе се совлада пандемијата, бидејќи стотици илјади деца се изложени на ризик, предупреди УНИЦЕФ.

– Додека многу деца се чини дека не заболуваат  од Ковид-19, здравјето на стотици илјади деца би можело да биде погодено со прекин на вакцинацијата, рече Џин Гоф, директорка на таа агенција на ОН во Јужна Азија, изразувајќи загриженост за оваа „сериозна закана”

Бангладеш и Непал прекинаа со кампањи за вакцинирање против сипаници и рубеола, додека Авганистан и Пакистан, две од трите земји во кои сераспростанува детска парализа, ја прекинаа вакцинацијата против болеста, предупредува УНИЦЕФ во соопштението.

Агенцијата на ОН препорача владите во светот „веднаш да почнат со планирање акции за вакцинирање кога пандемијата ќе биде под контрола”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот