УНДП повикува на воведување привремен основен приход за 2,7 милијарди луѓе

Агенцијата на Обединетите нации УНДП побара воведување на привремен основен приход за 2,7 милијарди сиромашни луѓе во светот во услови на пандемија на коронавирусот.

ОН соопшти дека ваквите мерки може да го запрат ширењето на вирусот со тоа што ќе им дозволат да останат дома на оние што се близу или над границата на сиромаштијата во 132 земји во развој.

Седум од десет работници во посиромашните земји во моментов заработуваат приходи преку неформални пазари и не можат да си дозволат да останат дома, истакнува УНДП.

– Невидени времиња бараат невидени социјални и економски мерки. Воведувањето на привремен основен приход за најсиромашните во светот се појави како една од опциите. Пред само неколку месеци, ова можеби се чинеше незамисливо, изјави шефот на УНДП Ачим Стајнер во соопштение за медиумите.

– Привремениот основен приход може да им овозможи на владите да им обезбедат на луѓето во карантини спасителна финансиска помош, да инјектираат пари во локалните економии за да им помогнат на малите бизниси да преживеат и да го забават катастрофалното ширење на Ковид-19, додава тој.

УНДП проценува дека обезбедувањето таков привремен, загарантиран основен приход би чинел најмалку 199 милијарди долари месечно.

Се додава дека ова би можело да се финансира преку пренаменување на постојните средства, како што се субвенциите за фосилните горива.

Земјите, според УНДП, годинава би можеле средствата што ги користат за да ги сервисираат долговите да ги пренаменат за исплата на тој грант

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот