
Умит Каран си замина од Шкупи
Умит Каран повеќе не е тренер на прволигашот Шкупи, откако денеска си поднесе неотповиклива оставка. Каран како тренер во првите три кола во новата сезона освои четири бодови, додека во минатата сезона успеа да го однесе тимот во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.
Препорачано
– Денеска ја завршувам мојата обврска како тренер на Шкупи. Поднесов оставка до челниците на клубот. Исто така ги информирав и играчите за моето заминување. Сакам да се заблагодарам на сите кои ми беа поддршка изминатава година и беа со мене и во добро и во лошо – изјави Каран.
Причините за оставката не се од спортски причини, туку шекулациите се дека тој мора да се врати во Турција каде го очекува затворска казна. Каран е осуден на 20 месеци затворска казна откако е обвинет за сексуален напад во 2015 година.