Вреди / Фото: Фејсбук Вреди

Улицата не го спасува Ахмети, реагираат од „Вреди“

„Али Ахмети никогаш не излезе на улица за својот народ и не прозборе за идеалите за својот народ, но сега, кога се загрозени роднините и другарите од тендерите и милионите, одеднаш му текна да излезе на улица“, реагира коалицијата „Вреди“ на денешната изјава на лидерот на ДУИ за „Слободен печат“, во која тој рече дека доколку поранешниот министер за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани, ДУИ „ќе излезе на улица и нема да се врати“ додека не испровоцира со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.

„Дваесет години на власт и никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега кога системот што си го изгради за себе се руши, Ахмети плаче за улицата, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста“, велат од „Вреди“.

Од владејачката партија, довчерашна коалиција, го прашуваат Ахмети каде бил кога „во времето на неговото владеење со Никола Груевски Албанците се гушеа по затвори и им се лепеше етикетата „терорист“.

Али Ахмети за „Слободен печат“: Ако излезам на улица, враќање нема

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот