Колбаси / Фото: Pexels/Mateusz Feliksik

Украинските пошти ќе продаваат колбаси во своите филијали!

Во филијалите на Пошта на Украина наскоро ќе се појават колбаси! Така компанијата има намера да ги зголеми своите приходи, изјави извршниот директор на операторот Игор Смељански во интервју за Форбс Украина.

Поради намалувањето на бројот на пензионери во земјава, поштите губат пари; досега, распределбата на пензиите изнесуваше до 25% од приходите на компанијата.

Според Смељански, тој има план како да ја зајакне динамиката и да ги зголеми приходите. Годинава поштите ќе го намалат персоналот за 13 отсто и ќе отворат сопствена банка, аптека, мобилна апликација и ќе купат електрични скутери за да го удвојат својот удел на пазарот на пратки, каде лидер е компанијата „Нова пошта“.

Но, најнеочекуваната иновација е продажбата на колбаси во поштите.

– Укрпошта веќе има потпишано договор со компанијата МХП за продажба на своите колбаси – вели Смељански.

Засега се работи само за тестирање. Директорот одбива да ги именува обемот и регионите каде што ќе се тестира деловната ниша.

„Ја купивме првата серија колбаси што ќе ги понудиме во поштенската мрежа. Овој дел од нашата стратегија е поддршка за украинските производители, а за МХП – начин да се намалат нивните логистички трошоци“, вели Смилјански.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот