Олександр Сирски / Фото: Ukrinform / Shutterstock Editorial / Profimedia

По територијалните загуби, украинскиот врховен командант отпушти двајца офицери

Украинскиот врховен командант Александар Сирски отпушти двајца високи офицери откако украинската армија претрпе територијални загуби во областите под нивна контрола, објавија локалните медиуми утрово.

Според извори блиски до војската, смените се однесувале на офицери задолжени за 17-тиот и 20-тиот армиски корпус.

Седумнаесеттиот армиски корпус, под команда на Володимир Силенко, дејствувал во Запорожје, каде што украинската армија изгубила најмалку едно село на бреговите на реката Днепар.

Од друга страна, 20-тиот армиски корпус, предводен од Максим Китухин, дејствувал на границата помеѓу регионите Донецк и Дњепропетровск, каде што руските сили забележале голем број успеси, заземајќи неколку села, објави Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските трупи го зазеле селото Олхивско во Запорошката област, додека Владимир Рогов, функционер назначен од Русија, рече дека руските сили ја пробиле украинската одбрана, заземајќи 30 квадратни километри територија.

Иако руските сили продолжија со нападите во Донецката област, украинскиот командант Андриј Кришченко рече дека украинските трупи го запреле рускиот напредок во близина на Покровск.

Украинските сили напредуваа и во Добропилската област, северно од Покровск, додека руските трупи сè уште се обидуваа да одржат упориште во Харковската област, особено околу градот Купјанск.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од двете страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот