Максим Буткевич добитник на наградата „Вацлав Хавел“ за 2024 година/Фото: Совет на Европа/Икс

Украинскиот новинар Буткевич добитник на наградата „Вацлав Хавел“ на Советот на Европа

Советот на Европа денес одлучи да ја додели наградата Вацлав Хавел за одбрана на човековите права на украинскиот новинар Максим Буткевич, кој беше ослободен минатата година откако беше уапсен од руските сили, објави СЕ.

Наградата, именувана по поранешниот дисидент, а потоа претседател на Чешка, се доделува од 2013 година од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кое обединува 46 земји и е чувар на демократијата и човековите права на европскиот континент. Русија беше исклучена од Советот на Европа по инвазијата на Украина во 2022 година.

Откако доброволно се приклучи на украинските сили по руската инвазија во февруари 2022 година, Максим Буткевич беше уапсен, а потоа осуден на 13 години затвор една година подоцна од страна на московските сили, пред да биде ослободен во октомври 2024 година како дел од размена на затвореници. Тој останува моќен симбол на храброст и отпорност во одбрана на правдата и слободата.

Буткевич е основач на независната радио станица Хромадске радио и еден од коосновачите на центарот Змина за одбрана на слободите.

За наградата беа номинирани и двајца други новинари, Грузијката Мзија Амаглобели и Азербејџанката Улви Хасанли, кои се во притвор.

„Не е случајно“, рече Теодорос Русопулос, претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, осврнувајќи се на номинациите на новинари за наградата Хавел.

„Последните месеци се покажаа како особено опасни за новинарите“, рече тој, истакнувајќи дека 171 новинар бил во притвор во Европа на почетокот на годината, вклучувајќи најмалку 26 Украинци, кои биле држени во Русија или на териториите окупирани од Москва во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот