НАТО/ Фото: Martin Bertrand / Alamy / Alamy / Profimedia

Украина за прв пат учествуваше во вежба на НАТО за борба со дронови

Украина за првпат учествуваше во вежбата со беспилотни летала на НАТО, што се одржа од 10 до 20 септември во Холандија, соопшти прес-службата на алијансата.

Повеќе од 450 претставници од 19 земји на НАТО и три земји партнери учествуваа на годишната вежба, на која беше тестирана техничката интероперабилност на мерките за спротивставување на беспилотни летала.

-За првпат Украина учествува заедно со претставници на приватниот сектор и научната заедница, соопшти прес-службата на НАТО, додавајќи дека сојузниците тестирале повеќе од 60 системи и технологии како што се сензори, системи за водење беспилотни летала, заглавувачи и киберпресретнувачи.

Учеството на Украина е усогласено со Патоказот за иновативна соработка меѓу НАТО и Украина, одобрен на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!