Нуклеарна централа Запорожје
Нуклеарна централа Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Украина: Русите се обидуваат да преземат контрола врз нуклеарката Запорожје

Руските власти се обидоа да ја преземат контролата врз украинската нуклеарна централа Запорожје, изјави шефот на украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом.

Руските сили му кажале на украинскиот персоналот дека електраната сега и припаѓа на руската државна компанија Росатом, изјави шефот на Енергоатом, Петро Котин. Тој додаде дека 10 претставници на Росатом, вклучително и двајца високи инженери, потоа неуспешно се обиделе да влезат во електраната и да го преземат управувањето.

– На територијата на нуклеарната централа има околу 500 руски војници со автоматско оружје. Нашиот персонал е во исклучително лоша психичка состојба, подвлече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот