Игор Гиркин Стрелков/Фото: ГУР/Фејсбук

Украина нуди парична награда за фаќање на рускиот терорист Игор Стрелков

Поранешниот агент на ФСБ и десничарски националист Игор Гиркин (Стрелков) е еден од главните проруски сепаратисти во Украина, а сега украинските власти нудат огромни пари на оној кој ќе им го донесе Стрелков.

Кој е Игор Гиркин или Стрелков? Во 2014 година, Игор Гиркин беше во центарот на настаните во Украина. Тој пристигнал на Крим со група вооружени лица, каде, според неговото признание, со закани со оружје ги принудиле локалните претставници да гласаат за референдум за отцепување.

По референдумот тој го напушти Крим, но набрзо повторно влезе во Украина, овој пат во регионот на Доњецк, повторно со група вооружени лица. Неговиот тим ги окупираше административните згради во Славјанск и го прогласи создавањето на ДНР. Гиркин дури извесно време беше министер за одбрана на ДНР. По конфликтот со локалните лидери на ДНР, тој беше вратен во Русија.

Нему во Хаг му се суди во отсуство поради поврзаноста со соборувањето на малезискиот патнички авион во кој загинаа 298 патници. Обвинителството бара доживотен затвор за Гиркин.

Деновиве тој наводно повторно се вклучил во војната

Украинците за него нудат 100.000 долари. „ГУР гарантира 100.000 долари за заробениот Игор Гиркин – Стрелков“, беше објавено на Фејсбук и на другите социјални мрежи.

„Главното разузнавање на Министерството за одбрана на Украина гарантира исплата на 100.000 долари за трансфер на Игор Гиркин (Стрелков) во украинско заробеништво“, објавија тие на Фејсбук.

Стрелков наводно (повторно) се вклучил во војната во последните неколку дена, а украинските медиуми пишуваа за тоа во последните неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот