Такси возила во Скопје / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

УЈП ги предупреди таксистите да издаваат фискални сметки

Управата за јавни приходи (УЈП) во наредниот период ќе спроведува засилени контроли кај вршителите на авто-такси превоз на патници со посебен акцент на издавањето фискални сметки и почитувањето на одредбите од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Како што најавуваат од УЈП, контролите ќе се спроведуваат во соработка со други надлежни институции низ целата држава, особено во туристичките региони, каде што во летниот период е зголемена фреквенцијата на патници и активноста на авто-такси превозниците.

-Даночните обврзници кои вршат авто-такси превоз се должни да користат мобилни фискални апарати со интегриран ГПРС уред, да го регистрираат остварениот промет во фискалниот апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга во готовински промет, да го евидентираат прометот во книгата на дневни финансиски извештаи, за секоја фискална каса поединечно. Воедно се должни да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет најдоцна наредниот работен ден, да имаат јасно и видно истакнато соопштение за задолжително барање на фискална сметка од страна на корисниците на услугата, информираат од УЈП.

Доколку граѓаните имаат сознанија за неправилности поврзани со авто-такси превозот или неиздавање фискални сметки во која било дејност, порачуваат, ги охрабруваме да пријават преку: •Бесплатната телефонска линија: 198 •Е-пошта: [email protected] .

-Управата за јавни приходи ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите надлежности. Апелираме до сите авто-такси превозници, како и до сите даночни обврзници, да постапуваат согласно законските прописи, со цел зајакнување на даночната усогласеност и подобрување на даночната дисциплина. Почитувањето на обврската за издавање фискални сметки и користење мобилни фискални апарати не е само законска обврска – тоа е придонес кон правично, транспарентно и фер работење на сите економски чинители, посочуваат од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот