УЈП - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

УЈП: До 27 јануари пријавување за ДДВ-04

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави дека рокот за поднесување е до 27 јануари 2025 година.

До денеска, од вкупно 41.531 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се 6.253 пријави, што претставува само 15,1 отсто од вкупниот број.

-Остануваат уште 35.278 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите денови. Апелираме да бидете одговорни даночни обврзници и да ги доставите сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено и точно да се обработат вашите ДДВ -04 пријави за овој даночен период. Не го одложувајте процесот! Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави на време и бидете пример за одговорни даночни обврзници – се вели восоопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот