
УХМР издаде предупредување за времето во четврток
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде „жолто предупредување“ за нестабилно време утре и задутре, со очекуван пороен дожд, грмотевици, засилен ветер и изолирана појава на град.
Препорачано
Според УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта меѓу среда и четврток и во текот на денот во четврток ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, со над 20 литри дожд на квадратен метар за кратко време. Се очекува ветер со брзина над 60 километри на час.
Во Скопје, исто така се очекува нестабилно време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Утринската температура ќе биде најниска во Берово, до 8 степени, додека дневната ќе биде највисока во Скопје, Гевгелија и Велес, со максимални 35 степени.
Жолтиот аларм укажува на умерена опасност од временските услови, со можност за умерени последици по околината и луѓето. Во петок и за време на викендот следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер, прогнозираат синоптичарите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5