принтскрин/јутјуб

УФЦ: Мекгрегор ја предаде борбата со Поирие поради повреда

Во Лас Вегас утринава беше одржана УФЦ 264 приредбата на која во главната борба Дастин Поирие славеше со технички нокаут по завршување на првата рунда бидејќи поради поврда мораше да се откаже Конор Мекгрегор.

Првата и единствена рунда во главната борба во лесна категорија (70 килограми) помина во доминација на Датин Поирие. По интензивната размена на удари со нога, борбата се пресели во партер откако Мекгрегор го собори својот противник. Но, Поирие успеа да се извлече од незгодната позиција и со силни удари го доведе во незгодна позиција својот противник. Во финишот од првата рунда, борбата повторно се префрли на „нозе“, а Мекгрегор во еден момент го свитка зглобот. Тоа се случи во последната секунда од рундата, по што во паузата помеѓу рундите Ирецот го предаде мечот.

Ова беше втора победа за Поирие против Мекгрегор, откако во претходната борба која се одржа во јануари годинава во Абу Даби славеше со технички нокаут. Победата над Мекгрегор, се очекува на Поирие да му ја донесе улогата на предизвикувач на шампионот во лесна категорија Чарлс Оливеира.

Во останатите борби, Бразилецот Жилберт Бурнс со едногласна одлука на судиите го победи Стивен Томпспон, откако судиите нивниот дуел го бодуваа со идентични 29:28.
Во тешка категорија, борецот од Австралија Таи Туиваса со брутален нокаут во првата рунда го победи Грег Харди.
Мексиканката Ајрин Алдана со технички нокаут ја победи Јана Куницкаја во единствената женска борба на главната вечер, додека до победа дојде и Шон О’Мали над Крис Мутињо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!