
УЕФА ги казни Србија и Црна Гора за натпреварот во Подгорица
УЕФА денес ги соопшти казните кон Србија и Црна Гора за натпреварот одигран на 27 ми март во Подгорица во рамките од групата Г во квалификациите за Европското првенство.
Препорачано
Навивачите на двете репрезентации во текот на целиот натпревар разменуваа навреди на националната основа, па затоа добија суспензија од по еден натпревар без присуство на публика.
Фудбалскиот сојуз на Србија доби казна од 50.000 евра, а покрај затворениот стадион на 7-ми септември кога ќе ѝм гостува Унгарија, ќе немаат можност да продаваат влезници и за гостувањето против Бугарија на 20-ти јуни. Во соопштението се наведува дека за Србија активирана е условната казна поради навреди од натпревар во Лигата на Нации минатата година.
Црна Гора пред празни трибини ќе игра на 10-ти септември против Бугарија во Подгорица. Паричната казна за Фудбалскиот сојуз на Црна Гора изнесува 20.000 евра.
Поради расизам и дискриминација казни од УЕФА добија и Фудбалските сојузи на Полска и Романија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
7час
-
7час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5