
Училиштата во Србија воведуваат предмет за медиумска писменост
Српското министерството за образование ги разгледува сите пристигнати иницијативи и објективни околности за борбата против дезинформациите во општеството и како резултат на тоа многуверојатно како дел од слободните наставни активности во училиштата ќе се воведе предмет за медиумска писменост, пишуваат српските медиууми.
Препорачано
Во изјава за Демостат министерството за образование на Србија информира дека сериозно се размислува за воведување на предметот медиумска писменост во српскиот образовен систем.
Како што се наведува во Хрватска, неодамна излезе од печат Прирачникот за наставници од основните училишта насловен „Медиумска писменост“ во кој се дадени предлози за работа со ученици од прво до четврто одделение во основно училиште, што е во согласност со споменатиот предлог на Демостат , објавена на крајот на 2022 година.
Од српското министерството за образование објаснуваат дека „учениците од втор циклус на образование можат да ја изберат медиумската писменост како изборна наставна содржина.
– Изборните наставни активности се дел од планот за настава и учење што училиштето го планира со образовната програма и годишниот план за работа. Изборната програма за ученикот е задолжителна, а успехот се изразува со описна оценка. Медиумската писменост опфаќа четири тематски области кои се однесуваат на поимот и функцијата на медиумите, анализа на медиумски пораки, објавување во медиумите и медиумски содржини на мобилни дигитални платформи и пребарување на Интернет, посочуваат од Министерството.
Како што прецизираат од ресорното министерство „главна задача на наставникот кој ја спроведува оваа програма е да го поттикне интересот на учениците за аналитички пристап кон медиумските содржини и да развие одговорно однесување на учениците во прилики на креирање и објавување медиумски пораки преку социјалните мрежи и телефонските апликации. Исто така, децата ќе се учат да се потпираат на сопствените сили и да развиваат способности за работа со податоци. Учениците ќе се охрабруваат, освен интернет, да користат и други извори на информации како што се книги, стари фотографии, интервјуа итн.
– Покрај во изборните наставни активности, темата медиумска писменост е опфатена и во наставните единици од различни задолжителни предмети, факултативни активности и
проекти. Основците од 1 одделение имаат задолжителен предмет наречен дигитален свет. На овој начин тие имаат можност да развијат алгоритамски начин на размислување уште од
најрана возраст и учат како безбедно и функционално да ги користат информатичките технологии. Исто така, информатика и компјутери е задолжителен предмет за учениците од 5 то до 8-мо одделение. Овие предмети опфаќаат и одредени теми поврзани со медиумската писменост, заклучува Министерството за образование на Србија.
Инаку Демостат ја покрена иницијатива за воведување на предметот медиумска писменост во училишниот систем во Србија, како форма на одбрана од лажни вести, дезинформации и манипулирање со информации, кои стануваат се поголем проблем во српското општество, но и во светот.
Во периодот кој следува Демостат ќе објави стратегија за медиумско описменување на која работат новинари, психолози и социолози, а во која, меѓу другото, ќе бидат изнесени насоки за препознавање лажни вести и одбрана од дезинформации.