УБИЕЦ НА КУЧИЊА ВО ШТИП: Влегува по домови и убива кучиња на сопственици (ФОТО/ВИДЕО)

Штипјанка на својот Фејсбук профил напиша дека убиец влегува по домовите и на штипјани им ги убива кучињата.

Таа ги повика институциите да преземат мерки за овие убиства.

„Убиецот на миленици почна да ни ги зема кучињата од дома. Буквално од ходник ми го зема кучето и пукаше по мене со стрела. Кај се институциите има ли закон овој убиец да се спречи. Ме нарече курва и секакви грди зборови. Во Штип има ветеринарна КРЛЕ. Убиец, монструм и ни влегува по домовите и ни ги убива кучињата, а пријавив во полиција и пријава, не ми го дава кучето, собра уште пет кучиња кои рече ќе ги убиел, што сум му можела, имал фамилија бил водич во полицијата“, стои во дел од статусот на оваа штипјанка“, пишува загрижената штипјанка на нејзиниот фејсбук-профил, споделувајќи ги овие фотографии и видеа:

Oчекувано, по оваа објава на твитер се разви дискусија на темата, по што многумина напишаа дека ова се случува со години во градот.

„Крсто Митев не остави куче во Штип, со години ова трае. Убива се што ќе најде пред себе, па еве почнал и од дома да ги зема. Жена му работи во АХВ, „фамилија“ во МВР. Никој не го тргна, ни ВМРО ни СДСМ. Што е толку јак човеков? Зашто дозволувате да лапа народни пари?“, пишува твитерџиката Трпана (@NatalijaaaT) и во нишката додава: „Лани ја уби Бренда, па се закануваше на активистката која те пријави. Ја демнеше. Класичен манијак. Денес вербално ја нападнал женава и замавнувал накај неа. Не ти се плашела па и она те пријавила, ги премина сите граници, денес заловил 9 кучиња, едно е веќе успиено. По што заклучи дека треба да го успиеш? Брз тест? Не видовме еднаш да доставиш целосна документација и причина за еутаназија на животните во твојот стационар. Има закон бре!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот