Нурсултан Назарбаев
Нурсултан НазарбаевФото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Убедлива победа на Назарбаев во Казахстан, уапсени десетици демонстранти

Партијата „Нур Отан”, предводена од влијателниот поранешен претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, убедливо победи на вчерашните парламентарни избори, освојувајќи речиси 72 проценти од гласовите, покажаа резултатите од истражувањето на јавното мислење, пренесуваат британските медиуми.

На изборите излегоа пет од вкупно шесте пријавени политички партии, а за бојкот се долучи само опозициската Национал-социјалдемократска партија, пренесе Тасс.

На списоците на петте партии учеснички имаше вкупно 312 кандидати, вклучувајќи и жени, бидејќи во новата регулатива е предвидено најмалку 30 проценти од кандидатите да бидат жени или лица на возраст под 29 години.

На овие избори учествуваа вкупно 34 членови на парламентот од претходниот мандат.

Меѓутоа, во главниот град Нур Султан и Алмати синоќа беа приведени неколку десетици лица кои протестираа против вчерашните избори во земјата, што се одржаа без учество на опозицијата.

Приведените беа ослободени по неколку часа.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Аристангани Запаров, синоќа изјави дека сите приведени се ослободени без обвиненија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот