Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Убава вест од Островот: Напаѓачот кој имаше тешка сообраќајна несреќа излезе од болница

Фудбалерот на Вест Хем, Мајкл Антонио кој преживеа тешка сообраќајна несреќа е пуштен од болница.

Антонио на 7 декември доживеа тешка сообраќајна несреќа по која мораше да оди и на операција на ногата. Во несреќата се здоби со сериозни скршеници и засега е неизвесно дали ќе ја продолжи кариерата.

По речиси цел месец тој е пуштен на домашно лекување, меѓутоа од клубот и семејството на фудбалерот побараа поголема приватност и во овој момент не се познати повеќе детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот