Митко Јанчев

Уапсени двајца жители на Росоман кои му упатувале закани на Митко Јанчев

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека утринава помеѓу 02:20 и 02:50 часот по полноч,во Росоман, полициски службеници ги уапсила М.Д. и Т.П. на возраст од 33 и 34 години, за кои имало приајвата дека му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и на неговото семејство.

Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони, велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот