Поранешната прва дама на Јужна Кореја Ким Кеун-хи/Фото: EPA/JUNG YEON-JE / POOL

Уапсена сопругата на поранешниот јужнокорејски претседател кој е во затвор

Сопругата на затворениот поранешен јужнокорејски претседател Јун Сук-јол, Ким Хјон-хи е уапсена по низа обвиненија, кои вклучуваат и манипулација со акции и поткуп.

Поранешната прва дама Ким Хјон-хи вчера ги негираше сите обвиненија за време на четиричасовното сослушување во Сеул. Сепак, судот издаде налог за притвор, наведувајќи го ризикот од уништување на доказите.

Јужна Кореја има историја на импичмент и затворање на поранешни претседатели. Сепак, ова е прв пат и поранешен претседател и поранешна прва дама да бидат затворени.

Јун беше уапсен во јануари за да му се суди за неуспешен обид за воведување воена состојба минатата година, што ја втурна земјата во хаос и на крајот доведе до негово отстранување.

Обвинителите велат дека Ким, 52, заработила повеќе од 800 милиони вони (577.940 долари) со учество во шема за фиксирање на цените во која биле вклучени акции на „Дојч Моторс“, овластен дилер на БМВ во Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот