Фото: МВР архива / илустрација

Уапсена е „мадам“ од Бојане, подведувала девојки да се проституираат во Тетово

Тетовската полиција вчера уапсила 41-годишна жена од скопското село Бојане, која е осомничена дека посредувала во проституција во локал во градот. Уапсен е и газдата на локалот, велат од полицијата.

„На 11.09.2025 во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово. При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е лишена Г.Ш.(41) од с.Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик, која е затекната во објектот. Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, по што од двајцата се одземени мобилни телефони. Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот