Граничен премин „Блаце“ / фото: архива

Уапсен виш полицаец од „Интервентна“ – поткупил колега од ГП „Блаце“ да не евидентира влез на човек во државата

Од МВР информираат дека во заедничка акција со ОЈОГОКК е поднесена пријава против А.Б., виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, осомничен дека поткупил свој колега од ГП „Блаце“ на местото на македонски државјанин кој влегува во државата, да евидентира влез на државјанин на Турција.

-Според документираните сознанија, пријавениот во текот на февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник вработен на ГП Долно Блаце, односно понудил и дал поткуп со цел полицискиот службеник да не ја изврши својата службена должност, односно да не евидентира влез во државава на македонски државјанин на ГП Долно Блаце, така што од негова страна евидентиран е турски државјанин, информира МВР.

Пријавениот полицаец е уапсен и задржан во полициска станица, а од страна на Основниот кривичен суд Скопје изречена му е мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност, а Внатрешна контрола против А.Б. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот