Апсење / лисици / Фото: МИА

Уапсен скопјанец кој во повеќе наврати се самозадоволувал пред жени

Полицијата го уапси С.А.(30) од Студеничани, осомничен дека во неколку наврати се самозадоволувал пред женски лица.

Тој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг” по член 190 од Кривичниот законик, односно во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

С.А. е задржан во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените.

Поднесена е кривична пријава, а од страна на судија определена е мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот