Крстот во Драчево/ФОто: Фејсбук

Уапсен скопјанец фатен на дело како ги вандализира иконите од крстот во Драчево

Денеска  околу 03.30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Г.(36) од Скопје.

Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот