Луис Рубиалес/фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Уапсен поранешниот претседател на шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес

Поранешниот прв човек на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, е уапсен на аеродромот во Мадрид откако се вратил од Доминиканската Република во својата татковина по распишана потерница.

Шпанската полиција распиша потерница за Рубиалес, но и за неколку лица од фудбалот, поради сомневање за корупција и неправилности во договорот на Фудбалската федерација на Шпанија со Саудиска Арабија каде се играше Суперкупот.

Кога започнала таа операција, Рубиалес бил во Доминиканската Република и штом слетал, го чекала Цивилната гарда и го привела. Тој беше испрашуван и брзо ослободен.

Рубиалес беше исфрлен од фудбалот поради низа скандали. Прво во уста ја бакна шпанската фудбалерка Џена Хермосо на церемонијата на доделување медали, а воедно е обвинет за афери поврзани со корупција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот