ФОТО - Џеј Ди Венс кандидат за потпретседател на Доналд Трамп EPA-EFE/ALLISON DINNER EPA-EFE/ALLISON DINNER

Уапсен маж кој им се заканувал на Трамп и на Венс

Полицијата уапси маж од Флорида кој е обвинет дека преку социјалните мрежи им се заканувал на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп и на неговиот кандидат за потпретседател, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс, објавија американските медиуми.

Според полицијата приведен е Мајкл Вајсман кој им се заканувал на политичарите дека ќе ги убие јави Си-ен-би-си.

Тој не дал отпор при апсењето и бил одведен во затворот во Палм Бич, изјави полицискиот службеник Дон Хенеси.

Како што е наведено, Вајсман во неколку наврати постојано им се заканувал на Трамп, Венс и нивните семејства преку Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот