
Уапсен е црногорски ексминистер за одбрана, бил во криминална група со моќен бизнисмен што контролирал медиуми
Бизнисменот Александар Мијајловиќ со години градел мрежа на медиуми преку која, со поддршка од лојални новинари и портали, нападнал политички и безбедносни противници, црковни великодостојници и други личности, со цел да влијае врз политичките прилики во земјата.
Поранешниот министер за одбрана и некогашен функционер на Демократската партија на социјалистите, Предраг Бошковиќ, утринава е уапсен по налог на Специјалното државно обвинителство, во рамки на истрага против криминална група која, според тврдењата на обвинителството, ја организирал бизнисменот Александар Мијајловиќ, објави „Н1“.
Препорачано
Во оваа истрага, Вишиот суд во Подгорица синоќа му одреди притвор на бизнисменот Александар Мијајловиќ и на поранешниот шеф на контраразузнавачката служба, Драго Спичановиќ.
Одреден им е куќен притвор на обвинети полицајци, додека, пак, на вишата државна обвинителка Андријана Настиќ ѝ е одземен пасошот и има обврска редовно да се јавува во полиција.
Бизнисменот Александар Мијајловиќ со години, според наводите на Специјалното државно обвинителство (СДТ), воспоставувал мрежа на медиуми со цел, со помош на лојални новинари и портали, да напаѓа политички и безбедносни неистомисленици, црковни великодостојници и други поединци, како и да влијае врз политичките прилики во државата, објави „Н1“.
СДТ смета дека Мијајловиќ, од 2018 до 2024 година, директно ја креирал уредувачката политика на „Стандард“, „Побједа“, „ЦДМ“, „Портал Аналитика“, „Антена М“, „Мпортал“ и „Портал ЕТВ“, а на некои наводно им давал и упатства како треба да изгледаат текстовите и колку долго да се задржуваат на насловните страници.
Според нивните наводи, се сомнева дека во тоа му помагале високи полициски и разузнавачки функционери.
Се наведува дека Мијајловиќ со години секојдневно добивал податоци прибавени со мерки на таен надзор, пресретнати разговори, па дури и разузнавачки извештаи и снимки на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
ВИДЕО | Мафијашка пресметка во Црна Гора, убиен водач на шкаљарците