Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

„Уан стоп“ на Табановце го намали времето на чекање – Системот овозможува гранични проверки со едно застанување

На најфреквентниот граничен премин Табановце, веќе една недела функционира системот за една контрола со соседна Србија, а мерката треба да обезбеди поефикасно и побрзо поминување на границата

Поедноставеното гранично преминување „Уан стоп“ помеѓу Македонија и Србија, дава резултати. Намалено е времето за чекање, велат патниците. Целта на новиот концепт на работа на најфреквентниот граничен премин е забрзување на протокот на патници, особено сега во летниот период кога метежот е најизразен.

Патниците за МРТ велат дека чекале по десетина минути, иако метежот е вообичаен за овој период од годината.

Системот со кој се врши само една контрола при влез во државата, започна да функционира пред една недела.

– Овој систем овозможува со едно застанување, вршење гранични проверки на граничните служби на двете земји, со што се избегнуваат двојни проверки и се скратува целокупната процедура на влез и излез – велат од МВР.

Поради големиот проток на патници на Табановце во функција се шест ленти за патнички моторни возила, дополнително за автобусите и транспортерите. Според статистиката на полицијата, минатиот викенд во државата влегле 63.000 лица.

Од почетокот на годината заклучно со јуни влез оствариле еден 1,5 милиони патници, што е зголемување споредбено со лани. Метежот е најголем во летниот период. Значаен број патници транзитираат низ земјава и се упатуваат на одмор кон јужниот сосед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот