Доналд Туск
Доналд Туск / Фото: Слободен печат, Архива

Туск: Тоа е наша војна, и ако Украина изгуби, тоа е наш неуспех

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека за неговата земја, војната во Украина „не е апстрактна“ и дека Полска се соочувала со повеќекратни обиди за нелегално преминување на полската граница со Белорусија „секој ден“, со некои напади врз нејзините војници, вклучувајќи и жртви.

„Тоа е наша војна, и ако Украина изгуби, тоа значи наш неуспех“, нагласи полскиот премиер во своето обраќање на панел на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген.

Туск рече дека провокациите од Русија во Балтичкото Море се речиси секојдневни, додавајќи дека Западот е вклучен во „нов вид војна“ со Русија.

„Добив порака од Варшава, сега имаме уште еден инцидент во близина на пристаништето Шчеќин… Имаме нови инциденти во нашиот регион, мислам на Балтичкото Море, секоја недела, речиси секој ден“, рече Туск.

Во своето обраќање, тој предупреди „дека Европа повеќе не е во предвоениот период, туку се соочува со војна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот