Турските дронови „Бајрактар“ се продаваат „како алва“, откако украинската војска започна да ги користи

Турската компанија „Бајкар” планира да достави одреден број вооружени дронови во Кувајт, како дел од договор вреден 370 милиони долари, соопштија денеска претставници на компанијата.

Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2″ на Бајкар се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби во борбата против руските сили.

„Со Министерството за одбрана на Кувајт е потпишан договор вреден 370 милиони долари за извоз на беспилотни летала ‘Бајрактар ​​ТБ2′”, соопштија претставници на „Бајкар” без да прецизираат за колку беспилотни летала станува збор и кога ќе бидат испорачани во Кувајт.

„Бајкар” победи на тендерот, во конкуренција на повеќе компании од Америка, Европа и Кина, во процес што трае од 2019 година, се наведува во огласот. Се додава дека со Кувајт, бројот на земји кои потпишале договори за купување на беспилотни летала „Бајкар” е зголемен на 28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот