Турскиот министер за надворешни работи се сретна со руската делегација

Заврши средбата меѓу турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и руската делегација, предводена од советникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, во канцеларијата на претседателството во Долмабахче, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека утре ќе се одржат низа состаноци во различни формати, а на дневен ред се и трилатерални состаноци меѓу САД-Украина-Турција и Русија-Украина-Турција.

Според извор од турското министерство, сè уште не е одлучено дали состанокот ќе се одржи во четиристран формат меѓу САД, Русија, Украина и Турција, пренесува „Анадолија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот